Вести
Подобри го мојот град: Нова функционалност каде граѓаните може да пријавуваат проблеми и на истите да се интервенира                                            Нов веб портал: Активен е новиот веб портал на ЈПКР Услуга                      

ЈПКР „Услуга“ Берово ги известува граѓаните на Општина Берово да не се фрла градежен отпад  во кантите за коунален отпад,  затоа што со тоа се оштетува возилото за собирање на отпадот и во недела и празнични денови да не се преполнуваат кантите, со оглед на тоа дека овие денови се неработни за ЈПКР „Услуга“ Берово, а со цел да се избегне разнесување на отпадот и оставање грозна слика за градот.


Во продолжение соопштението на ЈПКР „Услуга“ Берово:


С О О П Ш Т Е Н И Е


Им се соопштува на граѓаните на Општина Берово дека треба да се придржуваат до неколку правила кои ќе допринесат за почисо и поубаво Берово :
Градежниот шут, земја, камења и пилевина доколку е во мала количина уредно да биде спакуван во вреќа најмногу до 20 килограми. и ставен покрај кантата.
Во никој случај да не се фрла земја, камења, пилевина и градежен шут во кантите затоа што се оштетува специјалното возило за собирање на смет.
Граѓаните кои нема да се придржуваат до ова и бидат затекнати на лице место како вршат неправилно одлагање на сметот ќе бидат казнети согласно Законот за управување со отпад.


Гранките и тревата да се ставаат покрај кантата за отпад и за нивното одлагање да се известува ЈПКР „Услуга“ Берово, за да се организира нивно навремено подигање.
Во недела и празник да не се преполнуваат кантите со  отпад, бидејќи тоа се  неработни денови за ЈПКР „Услуга“ Берово.
Во зимскиот период да се внимава да не се фрла неизгаснат пепел поточно жар во контејнерите (пепелот да се исфрла отстоен еден ден).
Граганите кои нема да го почитуваат ова и бидат затекнати на лице место можат да бидат казнети.


ЈПКР „Услуга“ Берово
Директор
Илија Рунтевски

 

Општина Берово

АДКОМ

Архива

Кој е онлајн

Имаме присутни 42 гости и нема членови